Акционерското собрание на Македонски телеком во петок треба да донесе одлука за распределба на дивиденда од профитот кој Мактел и Т-Мобиле Македонија го остварија во 2009 година. Неофицијално, Телеком ќе ја распредели целата ланска добивка во висина од 153 милиони евра за 2009 година, а во согласност со процентот што го поседува македонската влада како малцински акционер во компанијата (34 проценти), на државна сметка ќе легнат над 52 милиони евра. По исплатата на персоналниот данок од 10 проценти на тие пари, а кои државата треба да си ги плати самата на себе, таа ќе добие околу 47 милиони евра. Овие пари директно ќе се слеат во Буџетот на државата, а кои се повисоки од првичните предвидувања на Владата. Со ребалансот на Буџетот за 2010 година Владата предвиде дека ќе инкасира околу 39 милиони евра дивиденда од приходите што ги остварија фиксниот оператор и Т-Мобиле Македонија во 2009 година.
Акционерското собрание на Македонски телеком во петок треба да донесе одлука за распределба на дивиденда од профитот кој Мактел и Т-Мобиле Македонија го остварија во 2009 година.
Неофицијално, Телеком ќе ја распредели целата ланска добивка во висина од 153 милиони евра за 2009 година, а во согласност со процентот што го поседува македонската влада како малцински акционер во компанијата (34 проценти), на државна сметка ќе легнат над 52 милиони евра. По исплатата на персоналниот данок од 10 проценти на тие пари, а кои државата треба да си ги плати самата на себе, таа ќе добие околу 47 милиони евра. Овие пари директно ќе се слеат во Буџетот на државата, а кои се повисоки од првичните предвидувања на Владата. Со ребалансот на Буџетот за 2010 година Владата предвиде дека ќе инкасира околу 39 милиони евра дивиденда од приходите што ги остварија фиксниот оператор и Т-Мобиле Македонија во 2009 година.
Најголем дел од колачот останува за доминатниот сопственик Маѓар телеком - над 94,5 милиони евра, а околу 6,4 милиони евра за преостанатите малцински акционери.
Парите од дивидендата треба да се исплатат до почетокот на септември.
Инаку, изминативе денови вредноста на акцијата на Македонски телеком на Македонската берза се движеше меѓу 490 и 520 денари по акција. Станува збор за мал опсег на акции што се предмет на јавно тргување и не дава можност за драстично поместување на вредноста на оваа хартија од вредност. Вообичаено, има поголемо тргување и благ пораст на вредноста на акцијата на Телеком пред усвојувањето на завршните сметки и носењето одлука за распределба на дивиденда.
Досега, од продажбата на Телеком во 2001 година, државата има добиено седум дивиденди, и тоа: во првите три години по 18,5 милиони евра, а во 2004 г. дури 44,8 милиони евра. За 2005 година дивидендата изнесуваше 48 милиони евра, а за 2006 година немаше исплата, бидејќи акционерите одлучија дивидендата да ја префрлат во акумулирана добивка. Во 2008 година Владата доби 61 милион евра дивидендата за 2006 и 2007 година, при што се исплати целата добивка од 159 милиони евра, а акционерите тогаш добија по 113,4 денари за акција. Лани Владата како малцински акционер доби 38 милиони евра.